Fatjon Cuka
10 Мај 2020•Ажурирај: 11 Мај 2020
ТИРАНА (АА) - Во Албанија, вкупниот број на случаи со новиот коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 868 со потврдувањето на 12 нови случаи, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Министерството за здравство и социјална заштита соопшти дека во последните 24 часа се тестирани 170 сомнителни лица, од кои 12 биле позитивни на Ковид-19.
„Во последните неколку дена имаме подобрување на состојбата и во болниците. Од почетокот до денес, како позитивни на Ковид-19 се потврдени 868 граѓани низ целата земја. Од нив, оздравени се 650 граѓани, или околу 75 отсто. Во моментов има 187 активни лица со Ковид-19 во целата земја“, се вели во соопштението на Министерството.
Според Министерството, помалку од 15 проценти од активните случаи се лекуваат во болниците, додека останатите се следат од матичните лекари.
Досега во Албанија извршени се вкупно 10.438 тестирања, а бројот на починати од вирусот изнесува 31 лице.