Mustafa Melih Ahıshalı
10 Мај 2020•Ажурирај: 10 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на смртни случаи од коронавирусот во Иран се искачи на 6.640 лица со уште 51 починат во изминатите 24 часа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за здравство на Иран, Кијануш Џиханпур, за државната телевизија изјави дека во последните 24 часа во земјата од Ковид-19 починале уште 51 лице.
Според овие податоци, вкупниот број на починати од Ковид-19 во Иран се зголеми на 6.640, а вкупниот број на заразени на 107.693, со зголемување од 1.383 во текот на последните 24 часа.
Џиханпур истакна дека 2.675 заразени лица се наоѓаат во критична состојба, и дека досега се излекувани 86.143 лица кај кои биле дијагностициран Ковид-19.
Во Иран коронавирусот за првпат е откриен во градот Ком, на 19 февруари.