Fatjon Cuka
03 Мај 2020•Ажурирај: 04 Мај 2020
ТИРАНА (АА) - Во Албанија, вкупниот број случаи со новиот коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 795 со потврдувањето на 6 нови случаи, додека бројот на закрепнати продолжува да расте, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Министерството за здравство и социјална заштита соопшти дека од 197 тестови извршени во текот на последните 24 часа, потврдени се 6 позитивни случаи.
„Од почетокот до денес, како позитивни на Ковид-19 се потврдени 795 граѓани низ целата земја, но скоро 67 отсто од нив се излекувани. Вкупниот број на излекувани пациенти порасна на 531, а вкупно има 233 активни случаи со Ковид-19“, се вели во соопштението на Министерството.
Според Министерството, најголемиот дел од активните случаи се под надзор на матичните лекари или се асимптоматски.
Потсетуваме дека досега во Албанија од Ковид-19 починаа 31 лице.