Muhammet Nazım Taşcı
03 Мај 2020•Ажурирај: 04 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Новиот тип коронавирус (Ковид-19), кој за првпат се појави во кинескиот град Вухан, е дијагностициран кај повеќе од 3,5 милиони луѓе во светот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, која континуирано објавува ажурирани информации поврзани со новите случаи на Ковид-19 во земјите низ светот, бројот на лицата дијагностицирани со Ковид-19 се зголеми на 3.500.379.
Најголем број случаи на заразени со Ковид-19 се регистрирани во Соединетите Американски Држави (САД), каде што позитивни на тестот за коронавирус се 1.160.840 лица. Следуваат Шпанија со 245.567, Италија 209.328, Велика Британија 182.260, Франција 168.396, Германија 164.967, Русија 134.687, Турција 124.375, Иран 97.424 и Бразил со 97.100 случаи.
Во Кина каде што вирусот за првпат беше забележан, бројот на лица позитивни на Ковид-19 изнесува 82.877.
Листата на земји од светот во кои бројот на лица позитивни на тестот на новиот тип коронавирус е над 10.000, изгледа вака:
Канада 56.714, Белгија 49.906, Перу 42.534, Холандија 40.236, Индија 39.980, Швајцарија 29.817, Еквадор 27.464, Саудиска Арабија 25.459, Португалија 25.190, Мексико 22.088, Шведска 22.082, Ирска 21.176, Пакистан 19.103, Чиле 18.435, Сингапур 18.205, Израел 16.193, Белорусија 15.828, Австрија 15.558, Јапонија 15.283, Катар 14.872, ОАЕ 13.599, Полска 13.375, Романија 12.732, Украина 11.913, Индонезија 10.843 и Јужна Кореја 10.793.
Новиот тип коронавирус за првпат се појави во кинескиот град Вухан во декември 2019 година, по што се рашири во повеќе од 200 земји и региони во светот.
Како последица на вирусот во светот починаа 245.038 лица, додека 1.128.298 се излекувани.