Mustafa Melih Ahıshalı
03 Мај 2020•Ажурирај: 04 Мај 2020
ТЕХЕРАН (АА) - Како последица на вирусот Ковид-19, во Иран во текот на изминатите 24 часа починаа уште 47 лица, со што бројот на смртни случаи во земјата е зголемен на 6.203, додека бројот на случаи достигна 97.424, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за здравство на Иран, Кијануш Џиханпур, соопшти дека во текот на изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 47 лица.
Џиханпур, наведувајќи дека вкупниот број на смртни случаи во земјата се зголемил на 6.203, рече дека бројот на заболени се искачил на 97.424, со зголемување од 976 во последните 24 часа.
Тој истакна дека 2.690 пациенти се во критична состојба, и додаде дека досега во земјата излекувани и отпуштени од болница се вкупно 78.422 лица.
Во Иран, Ковид-19 првпат беше откриен во градот Ком, на 19 февруари.