Stipe Majic
30 Октомври 2020•Ажурирај: 30 Октомври 2020
ЗАГРЕБ (АА) - Во последните 24 часа се евидентирани 2.772 нови случаи на вирусот САРС-КоВ-2, како и 20 смртни случаи предизвикани од овој вирус, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Штабот за цивилна заштита на Република Хрватска соопшти дека бројот на активни случаи во Хрватска денеска изнесува вкупно 15.106.
Од нив 1.027 пациенти се на болничко лекување, од кои на респиратори се 74 пациенти.
Починаа 20 лица, што досега е најголем број на смртни случаи предизвикани од коронавирусот регистрирани за еден ден во Хрватска.
„Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на Ковид-19 во Хрватска, евидентирани се 46.547 лица заразени со новиот вид коронавирус, од кои 531 починаа, вкупно 30.910 лица оздравеа, од кои 1.677 во последните 24 часа“, известија од Штабот.
Во самоизолација моментално се 29.098 лица.
До денеска тестирани се 485.281 лице, од кои 9.287 во последните 24 часа.