Турција

Во Турција Ковид-19 потврден кај 1.391 лице, починаа 65 заразени

Турскиот министер за здравство соопшти дека со уште 1.391 новозаразени вкупниот број на случаи во земјата достигнал 318.663

Burcu Çalık Göçümlü  | 30.09.2020 - Обновена : 01.10.2020
Во Турција Ковид-19 потврден кај 1.391 лице, починаа 65 заразени

АНКАРА (АА) - Во Турција во последните 24 часа регистрирани се 1.391 нови случаи на коронавирусот, а починаа 65 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).

На прес-конференцијата, по состанокот на Комитетот за справување со епидемијата, турскиот министер за здравство Фахретин Коџа соопшти дека со уште 1.391 новозаразени вкупниот број на случаи во земјата достигнал 318.663.

Тој истакна дека во текот на изминатите 24 часа излекувани се уште 1.245 пациенти, односно вкупно 279.749 лица од почетокот на епидемијата во земјата.

„Бројот на починати од вирусот се зголеми за 65 во изминатите 24 часа и достигна 8.195“, додаде министерот.

Во изминатото деноноќие спроведени се 112.098 тестирања за Ковид-19, со што вкупниот број на реализирани тестирања достигна 10.380.261.

Турскиот министер соопшти дека 1.516 пациенти се во критична состојба, додека бројот на активни случаи е 30.719.

Коџа на прес-конференцијата исто така истакна дека во следните 3-4 недели се планира тестирањата за Ковид-19 кои денеска изнесуваа 112.098, да ги зголемат на 200.000.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın