Турција

Припадник на ФЕТО осуден за тортура над питомци од воената академија, доби 43 години затвор

Пред турскиот суд заврши процесот против поранешниот поручник во рамките на кој е докажано дека Јешилкаја вршел физичко и психичко насилство над питомците на воената академија, и бил причина за нивно прекинување на школувањето

Tanju Özkaya  | 30.09.2020 - Обновена : 01.10.2020
Припадник на ФЕТО осуден за тортура над питомци од воената академија, доби 43 години затвор

АНКАРА (АА) - Припадник на терористичката организација ФЕТО и поранешен поручник, Ајхан Јешилкаја, е осуден на вкупно 43 години и четири месеци затвор за кривичните дела „членување во вооружена терористичка организација“ и „тортура“, јавува Агенција Анадолија (AA).

Пред турскиот суд заврши процесот против поранешниот поручник во рамките на кој е докажано дека Јешилкаја вршел физичко и психичко насилство над питомците на воената академија, и бил причина за нивно прекинување на школувањето.

Методот што го користел Јешилкаја е познат под називот „шок-одред“, а неговите жртви биле питомци кои не биле членови на ФЕТО.

Пред 27. Казнен суд во Анкара денес се одржа завршното рочиште во случајот против Јешилкаја на кое обвинетиот присуствуваше преку видеоконференција од затворската единица во градот Кахраманмараш.

Судијата пред читањето на пресудата му даде збор на обвинетиот Јешилкаја, кој рече дека се товари за кривични дела „членување во вооружена терористичка организација“ и „тортура“. Тој изјави дека во досието не постојат конкретни докази дека ги сторил наведените кривични дела, и побара ослободителна пресуда.

Судијата потоа ја прочита пресудата, според која Јешилкаја е прогласен за виновен. За кривичното дело „членување во терористичка организација“ осуден е на 10 години затвор, а за кривичното дело „тортура“ на 32 години и 16 месеци, што е вкупно 43 години и четири месеци затвор.

Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Турција ноќта на 15 јули 2016 година.

Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), и чија екстрадиција Турција официјално ја побара од САД.

Припадниците на таа терористичка организација, со години, преку местење испити напредуваа во службата, инфилтрирајќи се на тој начин во институциите на државата. Потоа, најпрвин во декември 2013 година, приврзаниците на ФЕТО во правосудството на Турција со монтиран процес за наводна корупција се обидоа да процесуираат бројни високи функционери.

Неколку години подоцна следуваше и крвавиот неуспешен обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обид за пуч, што го изведоа офицерите кои ФЕТО ги инфилтрираше во турската Војска.

Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во која е активна. На тоа во повеќе наврати укажуваа турските функционери. Во текот на обидот за државен удар во Турција загинаа 251, а ранети беа околу 2.200 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.