Erbil Başay
19 Декември 2020•Ажурирај: 20 Декември 2020
БЕРЛИН
Од последиците на заразувањето со коронавирусот (Ковид-19) во Германија од почетокот на пандемијата досега починале најмалку 25.640 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Институтот „Роберт Кох“ соопшти дека во изминатите 24 часа во Германија се потврдени 31.300 нови случаи на заразување со Ковид-19, со што бројката на заразени од почетокот на пандемијата во земјата се зголеми на 1.471.238.
Истиот извор јавува дека во изминатиот ден се потврдени 702 смртни случаи предизвикани од Ковид-19, со што бројот на смртни случаи во Германија од почетокот на пандемијата е зголемен на 25.640.
Во Германија од почетокот на пандемијата досега од Ковид-19 оздравеа 1.085.500 заразени лица.
Со цел спречување на ширењето на Ковид-19, Германија од 2 ноември воведе низа рестриктивни мерки, а на сила се додатни рестрикции од пред три дена.
До 10 јануари во Германија дозволена е работа само на продавниците што продаваат животни продукти, како и работата на банките, аптеките, поштите, автомеханичарските сервиси и бензиските пумпи.