Ahmet Dursun
16 Март 2023•Ажурирај: 22 Март 2023
АНКАРА (АА) - Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала го погоди градот Хој во иранската покраина Западен Азербејџан, пренесува Анадолу.
Според податоците на Националниот сеизмолошки центар на Иран, земјотресот со јачина од 5 степени според Рихтер, чиј епицентар беше во градот Хој, кој се наоѓа во близина на турската граница, е регистриран во 15 часот и 17 минути по локално време.
Земјотресот е регистриран на длабочина од 16 километри.
Како што пренесуваат иранските медиуми, земјотресот бил почувствуван и во градовите Орумије и Табриз.
Хамид Махбуби, директор на Црвената полумесечина во покраината Западен Азербејџан, изјави дека нивните екипи биле испратени во Хој по земјотресот и дека подоцна ќе дадат соопштение за можни човечки жртви и материјална штета.
Во градот Хој, кој се наоѓа на северозападниот дел на земјата, на 28 јануари беше регистриран земјотрес со јачина од 5,8 степени во кој загинаа три лица, а 1.167 се повредени.