Албанија: Бројот на случаи со Ковид-19 се зголеми на 212 лица
Се нагласува дека во последните 24 часа биле тестирани 111 сомнителни случаи, од кои потврдени се 15 нови случаи со Ковид-19
ТИРАНА (АА) - Во Албанија се откриени уште 15 нови случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на откриени случаи во земјата се искачи на 212 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија.
Се нагласува дека во последните 24 часа биле тестирани 111 сомнителни случаи, од кои потврдени се 15 нови случаи со Ковид-19.
„Досега се тестирани 1.436 сомнителни случаи, од кои вкупно 212 се позитивни на Ковид-19, меѓу кои 10 починати и 40 излекувани лица“, се наведува во соопштението.