Балкан, Коронавирус

Хрватска: Потврдени 56 нови случаи на заразување со Ковид-19

Според наводите на Стожерот на цивилна заштита во Хрватска, досега починаа 6 лица, а потврдени се вкупно 713 заболени, додека 52 лица оздравеа

Dejan Maksimovic  | 29.03.2020 - Обновена : 29.03.2020
Хрватска: Потврдени 56 нови случаи на заразување со Ковид-19

ЗАГРЕБ (AA) - Стожерот на цивилна заштита на Хрватска (СЦЗ) потврди 56 нови случаи на заразување со коронавирусот (Ковид-19). Според наводите на СЦЗ во Хрватска, досега починаа 6 лица, а потврдени се вкупно 713 заболени, додека 52 лица оздравеа, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Апелираме до сите наши граѓани, и покрај убавото време да останат во своите домови и строго да се придржуваат до упатствата на епидемиолозите и одлуките на Стожерот на цивилна заштита, бидејќи само со одговорно однесување можеме да го спречиме ширењето на заразата со новиот коронавирус“, истакнаа од Стожерот.

Во саботата навечер е потврден позитивен наод на коронавирусот кај службеник во затвор во Сплит. Поради објективно известување на јавноста, од СЦЗ се нагласува дека службеникот немал блиски контакти со затворениците.

Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март, поради ширењето на коронавирусот прогласи глобална пандемија. Исто така, СЗО ги прогласи Европа, а потоа и САД, за епицентар за пандемија на коронавирусот, кој првпат се појави кон крајот на минатата година во кинескиот град Вухан.

Од Ковид-19 во светот починаа повеќе од 31.800 лица, а потврдени се преку 680.000 случаи на заразување со коронавирусот во повеќе од 175 земји, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“. Досега се излекуваа повеќе од 145.000 луѓе.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın