Балкан, Коронавирус

Од коронавирусот во Србија досега починаа 13 лица

Досега вкупно се тестирани 2.462 лица, а присуството на коронавирусот е потврдено кај 741 лице, додека 55 пациенти се на респиратори

Andelija Stojkovic  | 29.03.2020 - Обновена : 29.03.2020
Од коронавирусот во Србија досега починаа 13 лица

БЕЛГРАД (АА) - Во последните 24 часа од коронавирусот во Србија починаа 3 лица, со што вкупниот број смртни случаи во земјата се искачи на 13, јавува Агенција Анадолија (АА).

Заменик-директорката на Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“, Дарија Кисиќ, на редовната прес-конференција потврди дека во Србија досега починале вкупно 13 лица заразени со коронавирусот.

Таа рече дека во последните 24 часа биле тестирани 376 лица, од кои 82 биле позитивни.

Истакна дека досега вкупно биле тестирани 2.462 лица, а дека присуството на коронавирусот е потврдено кај 741 лице, додека 55 пациенти се на респиратори.

Кога станува збор за смртните случаи во последните 24 часа, Кисиќ рече дека починал маж (62), кој страдал од хипертензија, прекумерна тежина и хронично заболување на бубрезите, како и две жени на возраст од 82 и 86 години, кои исто така имале придружни хронични заболувања.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın