Fatjon Cuka
12 Април 2020•Ажурирај: 13 Април 2020
ТИРАНА (АА) - Според официјалните податоци на Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија, со потврдувањето на 13 нови случаи, бројот на заболени од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во земјата порасна на 446, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството во официјално соопштение потврди дека во последните 24 часа биле тестирани 233 сомнителни лица, од кои 13 биле позитивни на Ковид-19.
Досега во Албанија биле тестирани вкупно 3.877 сомнителни лица, а 446 од нив се позитивни на Ковид-19.
„Досега 23 граѓани ја изгубија битката со оваа болест, и покрај вонредните напори на здравствениот персонал. Во последните 24 часа, на списокот на закрепнати лица се додадени уште 20 други пациенти, со што бројот на излекувани лица од Ковид-19 стигна 217. Имаме случаи на закрепнување кај сите возрасни групи“, се вели во соопштението.
Потсетуваме дека институциите во Албанија презедоа бројни мерки против ширењето на новиот коронавирус, како што се затворање на образовните институции, забрана за влез на патници од соседните земји, суспендирање на летови до неколку држави, на градскиот транспорт и движењето на приватните возила и ограничување на движењето на граѓаните.