Mustafa Melih Ahıshalı
12 Април 2020•Ажурирај: 13 Април 2020
ИСТАНБУЛ (АА) – Во Иран, во изминатите 24 часа од новиот вид коронавирус, Ковид-19, починаа 117 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи во земјата се зголеми на 4.474, додека бројот на дијагностицирани се зголеми на 71.686, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според иранската официјална новинска агенција ИРНА, Кијануш Џиханпур, портпаролот на Министерството за здравство, потврди дека во последните 24 часа, низ целата земја од Ковид-19 починале 117 лица.
Истакнувајќи дека вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 4.474, портпаролот Џиханпур рече дека бројот на заразени во текот на 24 часа е зголемен за 1.657.
Портпаролот Џиханпур, истакнувајќи дека 3.930 пациенти заразени со коронавирусот се во тешка ситуација, рече дека вкупно 43.894 лица се отпуштени од болница, по нивното излекување.
Ковид-19 во Иран за првпат е откриен во градот Ком на 19 февруари.