Zehra Ulucak
12 Април 2020•Ажурирај: 13 Април 2020
АНКАРА (АА) - Во Кина во последните 24 часа нема починати од новиот вид коронавирус, Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на кинеската Национална здравствена комисија наведено е дека се откриени вкупно 99 нови случаи на Ковид-19 во Кина, од кои 97 се од странство и два од нив домашни случаи.
Исто така се наведува дека нема нови починати од Ковид-19, и дека 50 лица биле отпуштени од болниците по нивното излекување од коронавирусот.
Во соопштението се истакнува дека 1.534 лица кои биле во карантин поради близок контакт со заразени пациенти, биле ослободени од медицински надзор.
Во Кина, од појавата на епидемијата, кај 82.552 лица е дијагностициран вирусот. Поради Ковид-19 животот го загубија 3.339 лица. Исто така, 77.575 пациенти се излекувани од вирусот.