Aida Cako
28 Јануари 2025•Ажурирај: 29 Јануари 2025
ФОШАН (АА) – Во градот Фошан во кинеската провинција Гуангдунг се вршат подготовки за претстојната кинеска лунарна Нова година на змијата, јавува Анадолу.
На фотографиите направени од фоторепортер на Анадолу може да се забележат калиграфи што пишуваат традиционални фестивалски куплети како подготовка за прославата, кои се симбол на добри желби и претставуваат една од најважните традиции за време на овој празник.
Напишани на црвена хартија со елегантни калиграфски потези, тие се поставуваат на вратите на домовите за да донесат среќа и да ја зголемат празничната атмосфера.
Кинеската лунарна Нова година, која оваа година започнува на 29 јануари, е најзначаен празник во Кина, а ваквите настани ја истакнуваат важноста на зачувувањето на традициите.