Aida Cako
04 Февруари 2025•Ажурирај: 05 Февруари 2025
ЏИЈАНГ (АА) – Илјадници луѓе маршираа и славеа со факли во Џијанг, Кина, по повод традиционалниот Фестивал на факлите, кој се одржува денес, 4 февруари, јавува Анадолу.
Овој фестивал, кој има историја подолга од 300 години, се одржува за време на Пролетниот фестивал и претставува начин на кој жителите им оддаваат почест на своите предци.
На прославата се носат факли, се излегува на улиците и има спектакуларни огномети. Учесниците парадираат низ селата и градовите и учествуваат во традиционалните религиозни обреди.
Фестивалот привлекува голем број посетители, создавајќи празнична атмосфера со заедничка прослава во Џијанг.