Admir Fazlagikj
01 Јануари 2016•Ажурирај: 01 Јануари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Илјадници граѓани на Скопје и другите македонски градови Новата 2016 година ја дочекаа на градскиот плоштад, каде што точно во 00:00 часот со спектакуларен огномет кој беше пуштен од непосредна близина на самиот плоштад беше означен почетокот на Новата година, јавува Anadolu Agency (AA).
Новогодинешната забава почна некаде после 22 часот, на градскиот плоштад, во организација на Град Скопје, каде за доброто расположение на македонските граѓани се погрижи познатиот хрватски пејач Оливер Драгојевиќ и македонската поп пејачка Тамара Тодевска.
На само стотина метри од централната манифестација, на плоштадот "Сквер Јадран" во организација на скопската општина Центар се одржуваше новогодинешната музичка манифестација "Град во градот" која трае веќе неколку дена, а вечерва, за последната ноќ од годината, беа резервирани босанскиот бенд "Дубиоза колектив" и македонскиот музичар и композитор Кирил Џајковски, по чии настапи следуваше и ди-џеј програма. Освен на градскиот плоштад на отворената забава, се славеше во рестораните, кафулињата и дискотеките.
Според досегашните информации, одбележувето на Нова година помина мирно и без посериозцни инциденти.