Ekipa
14 Јануари 2022•Ажурирај: 17 Јануари 2022
СКОПЈЕ (АА) - На Меѓународниот аеродром Скопје денеска пристигна група од 67 граѓани на Авганистан, вработени во организациите Национален демократски институт (NDI) и Националната фондација за демократија (NED) и членови на нивните семејства, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Владата на Република Северна Македонија соопшти дека продолжувајќи ја својата активна улога на солидарна земја, Северна Македонија им обезбедила привремен престој на авганистанските граѓани до заминување во трета држава.
„Ова е дел од меѓународната операција за помош на демократското авганистанско население кое е во опасност од талибанските власти“, се наведува од Владата.
По слетувањето спроведена е стандардната процедура со безбедносна проверка и заштита и ПЦР тест.
Според Владата, во Северна Македонија во моментов престојуваат 579 авганистански граѓани, а од земјата досега заминати се 141 цивил на кои траен престој им е обезбеден од повеќе држави низ светот.