Ekipa
14 Јануари 2022•Ажурирај: 17 Јануари 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 1.732 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 241.651, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 7 починати лица од Ковид-19. Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин пријавени се 6 починати лица. Регистрираните се починати во периодот од 24.12.-11.01.2022. Билансот на смртни случаи во земјата достигна 8.083.
Институтот за јавно здравје регистрира 1.035 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 218.340.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 15.228.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 6.928 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.692.991 тестирање.