
СКОПЈЕ (АА) – Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денес оствари средба со амбасадорот на Турција во земјата, Фатих Улусој, пренесува Анадолу.
Муцунски во објавата на американската компанија за социјални мрежи X истакна дека со амбасадорот Улусој е реализирана продуктивна средба, во чии рамки се потврдени „одличните односи и традиционалното пријателство меѓу нашите земји“.
„Се согласивме да истражиме нови можности за трговска, инвестициска и туристичка соработка“, истакна Муцунски во објавата.
Тој посочи и дека се потврдени „силното НАТО-сојузништво и соработката во регионалните иницијативи“.
Соопшти дека биле разменети и мислења за регионалните и геополитичките случувања, нагласувајќи ја важноста на стабилен и просперитетен Балкан.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.