ВИЕНА (АА) - Во време кога се зголемува дискурсот и активностите мотивирани од ксенофобијата и исламофобијата, милиони Eвропејци во своите земји ќе одат на парламентарни и претседателски избори, како и на референдум, јавува Anadolu Agency (AA).
Милиони муслимани одблиску се интересираат за изборите, за кои се очекува да имаaт влијание врз глобалните и регионалните политики. Политичарите, кои не можат да најдат решение за проблемите со невработеноста, рецесијата, бегалската криза и подемот на екстремната десница пред изборите, муслиманите ги гледаат како „жртвено јагне“, и почнаа да ги земаат како цел.
- Австрија
Вториот круг на откажаните избори во Австрија, која стана центар на радикалниот расизам, ќе се повтори на 2 октомври. На изборите, кандидатот Норберт Хофер на екстремната десница, Партијата за Слободна Австрија (ФПО), ќе се натпреварува со кандидатот на Зелената партија, Александар ван дер Беллен.
Резултатите од испитувањето на јавното мислење покажуваат дека екстремниот десничар Хофер ќе победи со разлика од 1-2 процента. Изборот на Хофер ќе значи избор за претседател на прв екстремен десничар во Европа по 40-тите години на минатиот век.
Во земјата каде што се владее со коалициски партнер, паралелно со растот на екстремната десница, растат и расизмот, исламофобијата и омразата кон Турците, а ова претставува причина за загрижување.
Изборите во земјата беа причина за пораст на пропагандата против Турција.
Хофер, кој пропагира блокирање на преговорите за членство на Турција во Европската Унија, побара да се отвори истрага против оние што со турски знамиња излегоа на виенските улици за да протестираат против обидот за државен удар и повика да им се одземе државјанството на Турците.
И меинстрим политичарите и зелените партии што сакаат да го попречат подемот на екстремната десница се ориентираа против Турција. Премиерот Кристијан Керн повика на прекинување на преговорите за членство на Турција во ЕУ, а пак министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц побара Турците што протестираа против обидот за државен удар да ја напуштат земјата. Пратеникот од редовите на зелената партија, Петар Пилз побара да се затворат турските организации, а пак портпаролот на Зелената партија за областа на Виена, Јоаким Ковак, побара да се забрани поздравувањето со симболот „волк" и да се извикуваат слогани (текбири- Алаху екбер) на протестите против обидот за државен удар.
Беше објавено дека странците што живеат во Австрија секој поминат ден, сѐ повеќе се соочуваат со напади мотивирани од расизам и ксенофобија и дека овие напади во споредба со минатата година пораснале за околу 40 проценти.
- Унгарија
Унгарија којашто со цел да ги попречи бегалците, стави бодликава жица на границите, на 2 октомври ќе организира референдум во врска со задолжителните квоти меѓу земјите-членки на ЕУ.
На референдумот, народот ќе биде прашан: „Дали сакате без согласност на унгарскиот Парламент, Европската Унија да одлучува за престој во Унгарија на лица што не се државјани на Унгарија?
Позната по своите антибегалски ставови, унгарската Влада не ја прифаќа квотата доделена од ЕУ. Се работи за бројка од 1.290 бегалци.
Меѓу опозициските партии, освен партијата на екстремниот десничар Јобик, другите партии, главната опозициска партија Унгарска социјалистичка парија (МСЗП) и другите либерални партии повикаа на бојкот на референдумот.
Според анкетите, се очекува процентот на излезност да биде над 50 и голем процент да кажат „НЕ“ на поставеното прашање.
Се истакнува дека негативниот резултат во Унгарија, во ЕУ ќе ја зајакне линијата на фронтот против бегалците и ќе биде причина другите членки да организираат слични референдуми во име на заштитата на „националната сувереност“.
ЕУ е загрижена и изјави дека референдумот е против вредностите и начелата на Унијата.
- Франција
На 23 април и 27 мај 2017 година, во Франција ќе се одржат претседателски, а на 11 и 18 јуни 2017 година, парламентарни избори.
Околу 43 милиони граѓани со право на глас, од вкупно 66 милиони граѓани, колку што има Франција, ќе избираат претседател, а потоа и пратеници.
Додека официјално имињата на кандидатите уште не се соопштени, од владината Социјалистичка партија се очекува да биде Франсоа Оланд, Никола Саркози од главната опозициска партија и Марин Ле Пен, лидерот на екстремната десница на Националниот табор.
Според оцените на јавните истражувања, поради нискиот рејтинг на Оланд можно е гласовите да бидат ориентирани кај десницата и екстремната десница, а пак, се очекува Ле Пен сигурно да оди во вториот круг.
Се истакнува дека за парламентарните избори, граѓаните се оставени без алтернатива меѓу владејачката и опозициската партија, и поради ова не се очекуваат значајни промени во политичкиот баланс.
- Босна и Херцеговина
Еден од двата ентитета во Босна и Херцеговина, Република Српска, со цел 9 јануари да го прогласи како „Ден на Република Српска“, на 25 септември ќе организира референдум.
Истакнувајќи дека референдумот е во спротивност со уставот и меѓународните конвенции, босанските политичари посакуваат тој да се откаже, а пак српските политичари настојуваат на одржување на референдумот.
На референдумот на кој ќе учествуваат Србите, ќе им биде поставено прашањето: „Дали поддржувате денот 9 јануари да се празнува како Ден на Република Српска?“
Покрај ова, Босна и Херцеговина се подготвува и за локалните избори коишто ќе бидат организирани на 2 октомври.
Поради комплексната политичка структура во БиХ, се очекуваа да победат претставниците на мнозинската етничка група. Според ова, борбата на изборите ќе се води меѓу Бошњаците, Хрватите и Србите.
- Швајцарија
Граѓаните во Швајцарија на 25 септември ќе одат на референдум на кој ќе одлучуваат во врска со промените на Законот за разузнавање.
На референдумот, граѓаните ќе бидат прашани во врска со тоа дали ги одобруваат предвидените промени во Законот за разузнавање. Прислушување на телефоните во случај на загрозување на националната безбедност, поставување уреди за прислушување на приватен имот и тајно истражување на компјутерите се главната тема на примените на законот.
Додека поддржувачите на референдумот истакнуваат дека ова е потребно за националната безбедност,опозицијата посочи дека тоа е загрозување на приватниот живот.
Во врска со референдумот во земјата, којшто е обврзувачки, сѐ уште нема објавено никакви резултати од евентуално направените анкети.
- Литванија
Во Литванија, парламентарните избори ќе се одржуваат на 9 октомври.
По повод парламентарните избори се очекува жестока борба меѓу Социјалдемократската партија (ЛСДП), која со 38 места има мнозинство во Парламентот и Татковинска унија – Литвански христијански демократи, која има 33 места во Парламентот.
Претседателката на Литванија од редовите на Социјалдемократите, Даља Грибаускајте побара оставка од премиерот Алгирдас Буткевичијус и од министерот за одбрана Нозас Олекас. Земајќи го предвид расколот во редовите на Социјалдемократската партија, шансите на Татковинска унија – Литвански христијански демократи изгледаат еднакви.
Покрај Работничката партија којашто има 29 места во Собранието, Партијата за развој и правда со 11 места и Партијата на Полјаците во Литванија со 8 места, шансите на другите партии се оценуваат како минимални.
Се предвидува од изборите да се формира коалициска влада.
- Црна Гора и Бугарија
Парламентарните избори во Црна Гора ќе се одржат на 16 октомври.
По објавувањето на независноста во 2006 година, Црна Горна по четврти пат ќе организира парламентарни избори. Опозицијата, којашто протестираше во Црна Гора, повика на избори. Се очекува битката на изборите да се одвива меѓу премиерот Мило Ѓукановиќ и опозицискиот претседател на Српската демократската партија, Андрија Мандиќ.
Во Бугарија, на 6 ноември ќе се одржат претседателски избори. По изборите ќе се знае кој ќе дојде на местото на претседателот Росен Плевнелиев со мандат од 5 години.
Политичките партии со цел да се спречи „можната оцрнувачка кампања“ сѐ уште ги немаат соопштено имињата на кандидатите. Поради нискиот процент на излезност, не се очекува некој од кандидатите да добие во првиот круг.
Заедно со претседателските избори ќе се одржи и референдум составен од 3 прашања.
На рефедиумот, граѓаните ќе бидат прашани: „Дали поддржувате изборот на пратениците да се направи со отворени листи, а не според листите утврдени од партиите?“; „Дали го одобрувате задолжителното гласање на избори и референдум?“; и „Дали поддржувате на последните избори партите и коалициите да земат државна помош од 0,5 евра по глас?.
- Македонија
Во Република Македонија, предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 11 декември.
Со Договорот од Пржино, од 15 јули 2015 година, кој беше постигнат со посредство на САД и ЕУ, се стави крај на политичката криза. Поради аболицијата на претседателот за осомничените политичари за кои е отворена кривична постапка, во земјата започнаа протести и беше побарана оставка на Владата.
Невработеноста, сиромаштијата, корупцијата и интеграциските проблеми ја зголемија можноста за немири. Засега колку и да преовладува смиреноста, загрижува фактот што тензиите, кои се покачуваат одвреме-навреме меѓу Албанците и Македонците, можат да се претворат во меѓуетнички конфликт.
Еден негативен развој во Македонија носи потенцијал да предизвика повторно соочување на цела Европа со проблемот на бегалците.
Некои од земјите-членки на ЕУ што се ориентирани против бегалците, Македонија ја гледаат како земја што ја штити надворешната граница на ЕУ. Поради ова, се претпоставува дека во случај на поголема криза на владата во Скопје, ќе биде ставена во ризик обврската на Македонија за попречување на бегалците.
Aнкетите спроведени од страна на Републиканскиот меѓународен институт (ИРИ) покажуваат дека владината ВМРО-ДПМНЕ има предност пред другите политички партии во земјата и се претпоставува дека може да ги добие изборите.
- Италија и Германија
Италија којашто е управувана со дводомен парламент, со цел да го забрза и да го поедностави законодавниот процес, во декември ќе организира референдум за укинување на законодавните овластувања на Горниот дом на Сенатот.
Во Германија, пак, по изјавата на германскиот претседател Јоаким Гаук дека нема да се кандидира за претседател, на 12 февруари 2017 година ќе се организираат претседателски избори. За претседателската позиција сѐ уште нема кандидат.
Парламентарните избори ќе се одржат во септември 2017 година. Според анкетите, Христијанското единство (ЦДУ/ЦСУ) има околу 33-35 проценти, а владината коалиција СДП меѓу 22 и 23 проценти. Антиисламската и екстремната десница Алтернатива за Германија (АфД) е на третото место, со околу 12-14 проценти.
- Холандија
Холандија е друга земја каде што екстремните десничари стануваат сѐ посилни. Во Холандија, парламентарните избори ќе се одржат на 15 март 2017 година.
Меинстрим политичарите кои сакаат да го попречат подемот на екстремната десница се ориентирани на расистички дискурс.
Премиерот на Холандија, Марк Руте, во едно интервју изјави дека оние што не се приспособуваат на Холандија, треба да ја напуштат земјата. Особено привлекува внимание ставот за исклучување на турската заедница од страна холандската Влада.
Последните истражувања покажуваат пад на рејтингот на коалициската влада на демократите и левицата, а екстремната десница, Партијата на слободните, се очекува да ги добие изборите освојувајќи повеќе гласови. Герт Вилдерс, лидерот на екстремната десница, Партијата на слободните, во програмата што ја претстави во јавноста вети дека ќе ги затвори џамиите, ќе го забрани Куранот и ќе ги откаже издадените дозволи за престој на имигрантите.
Повеќето муслимани и гласачи со странско потекло што досега гласаа за Работничката партија се загрижени заради употребата на расистички изрази и нејзината десничарска ориентација.
- Естонија и Албанија
Естонскиот Парламент по четврти пат ќе се избира на 30 септември за да го избере новиот претседател на државата. За кандидати се спомнуваат имињата на претседателот на Партијата за реформи, Сим Калас, од истата партија поранешниот министер за надворешни работи, Марина Калјуранд и Маилис Репс од Централната партија.
Претседателските избори во Албанија ќе се одржат во мај, а парламентарните во јуни 2017 година. И за двата изборни циклуса, не се познати кандидатите.
news_share_descriptionsubscription_contact
