Esra Tekin
01 Јуни 2026•Ажурирано: 01 Јуни 2026
Американските сили пресретнале две ирански балистички ракети насочени кон нивните сили во Кувајт доцна синоќа, при што нема пријавени жртви, соопшти денес Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ), пренесува Анадолу.
ЦЕНТКОМ соопшти дека ракетите биле „веднаш совладани“ и дека ниту еден американски војник не е повреден.
Од Командата порачаа дека тие и понатаму се максимално претпазливи и ќе продолжат да ги штитат американските сили од иранската агресија, истовремено поддржувајќи го тековниот прекин на огнот.