Mohammad Sio
06 Јули 2026•Ажурирано: 06 Јули 2026
Уште петмина Палестинци се убиени од израелски оган во Газа во последните 24 часа, со што бројот на жртви од октомври 2023 година достигна 73.098, соопшти денес Министерството за здравство на Газа, јавува Анадолу.
Во својот дневен статистички извештај Министерството соопшти дека болниците во Газа примиле тела на петмина Палестинци во текот на изминатите 24 часа, на тројца нови загинати и двајца извлечени од урнатините.
Министерството додаде дека седум лица се повредени, со што бројот на повредени се зголеми на 173.571 лица во истиот период.
И покрај прекинот на огнот што е на сила од 10 октомври 2025 година Израел продолжува со нападите, при што се убиени 1.072 Палестинци, а повредени се уште 3.463 за време на периодот на прекинот на огнот, според Министерството.
Оттаму истакнуваат дека многу жртви се заробени под урнатините и на патиштата, каде што екипите на брза помош и цивилната одбрана не се во можност да стигнат.
Израел уништи околу 90% од инфраструктурата на Газа за време на војната, а Обединетите нации (ОН) ги проценуваат трошоците за обнова на енклавата на околу 70 милијарди долари.
Израел продолжува да го блокира влезот на договорените количини храна, лекови, медицински средства, материјали за засолништа и монтажни куќи во Газа, каде што околу 2,4 милиони Палестинци, меѓу кои 1,5 милиони раселени лица, живеат во катастрофални услови.