Lina Altawell
06 Јули 2026•Ажурирано: 06 Јули 2026
Израелските сили денес извршија упад во област околу село во сириската провинција Кунејтра и поставија воен контролен пункт, објави сириската телевизија Алихбарија, пренесува Анадолу.
Израелските сили се распоредија околу селото Саида ал-Џолан и поставија контролен пункт на главниот пат што води до селото, објави Алихбарија.
Израелската војска речиси секојдневно врши упади низ Јужна Сирија - рации, поставување контролни пунктови, претреси на куќи и апсења, објавија сириските медиуми.
По падот на режимот на Башар ал-Асад на 8 декември 2024 година Израел го прогласи договорот за недејствување од 1974 година со Сирија за неважечки и се префрли во тампон-зоната што е под мониторинг на Обединетите нации (ОН). Новата администрација на Сирија континуирано ја потврдува својата посветеност на договорот.
И покрај тоа што нема директни закани од новото раководство на Сирија, Израел продолжува со воздушни напади и воени операции во Сирија, во кои има цивилни жртви и се предизвикува штета на воената инфраструктура.