Анализа на вести

Ден за избор на САД: Дали повлекувањето од Сирија е стратешко или тактичко?

- Кога ќе ги собереме пораките од Израел, Јордан и Кандил, излегува дека повлекувањето на САД од северниот дел на Сирија е резултат на тактички план

Mehmet A. Kancı  | 09.01.2019 - Обновена : 10.01.2019
Ден за избор на САД: Дали повлекувањето од Сирија е стратешко или тактичко?

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Мехмет А. Канџи


Паралелно со операциите „Штитот на Еуфрат“, „Маслинова гранка“ и процесот во Астана за завршување на полномошната војна во Сирија што ја води Турција, во првите денови од 2019 година ги присили Соединетите Американски Држави (САД) да носат критични одлуки.

Северниот дел на Сирија кој САД го имаше ставено во мирување од јули месец навака, повторно добива на интензитет, откако на 12 декември претседателот на Турција Ердоган упати предупредување за подрачјето источно од Еуфрат и Мунбич.

Американскиот претседател Трамп на 19 декември изјави дека ќе повлече 2.000 американски војници од северна Сирија, и го смени од функција министерот за одбрана Матис, кој очигледно го саботираше процесот.

Од тој датум, почна да се бара одговор на прашањата, дали американските војници ќе се повлечат од терористичкиот коридор во северот на Сирија, како ќе се повлечат, каков ќе биде календарскиот распоред на тој процес, дали во првата етапа повлекувањето ќе започне од Мунбич, по повлекувањето на американската војска што ќе се случи со илјадниците контејнери софистицирано оружје и муницијата што претходно беа донесени во регионот и каква ќе биде судбината на повеќе од 20 бази во регионот откако ќе заминат американските војници.

Но, по изјавите на Џон Болтон, советникот за национална безбедност на американскиот претседател Трамп, за време на посетата на Израел, и на државниот секретар на САД, Мајк Помпео, пред посетата на Блискиот Исток, се покажа дека главните теми на разговорите во Белата куќа не се за иднината на американските војници во Сирија и нивната бројка, туку како терористичките организации ПКК/ПЈД/ЈПГ ќе бидат чувани од страна на Вашингтон.

Досега, некои кругови во САД, соработката со терористичката организација ПКК/ЈПГ ја маскираа со изговор дека се борат против ДАЕШ. Изјавата на Трамп за повлекување на војниците, кој подготовката на мисијата за расчистување на ДАЕШ од Сирија ја остави на Турција, го донесе крајот на театарските игри на Вашингтон.

Значи, која е целта на целото оружје што САД го предадоа на ПКК/ПЈД и која е целта на легитимноста што сакаа да ја создадат? Ако САД се подготвени да ги извлечат американските трупи од Сирија, зошто даваат толкаво значење на постоењето на терористичката организација ПКК/ЈПГ во Сирија?

Одговорите на овие прашања лежат во изјавите на Болтон, советникот за национална безбедност на американскиот претседател Трамп, при посетата на Израел, пред да отпатува за Турција, и на изјавите на државниот секретар на САД, Мајк Помпео, во Јордан, на првата станица пред 8-дневната посета на Блискиот Исток.

Тој на Блискиот Исток ќе посети 7 земји. Како прво важно е да се потсетиме на следното: Џон Болтон не е име што се појави за време на претседателството на Трамп.

Тој во Белата куќа зачекори за време на претседавањето на Роналд Реган, а за време на претседателството на Џорџ Буш, стигна до фазата да биде постојан претставник на САД во ОН. Но, поради отпорот на демократите, не успеа да дојде до таа функција.

Изворот на придонесот на Реган и Џорџ во кариерата на Болтон, лежи во заедничката основа за промена на режимот во Иран. Исто така, кога американскиот државен секретар Помпео пристигна во Јордан на својата турнеја на Блискиот Исток, неговата прва работа беше на неговиот профил на Твитер да испраќа пораки насочени против Иран.

Помпео истакна дека притисокот врз Иран ќе биде дуплиран во секоја област. Но, најважни беа неговите изрази: „Ќе се повлечеме од Сирија, но борбата против ДЕАШ ќе продолжи“ и „Нашите тактики се променети, но нашата мисија (нашата цел) не се промени“.

Тогаш зошто Помпео и Болтон, користејќи неосновани тврдења за обвинување на Турција, заштитуваат една терористичка организација, која е таа „непроменета задача“ или „цел“? Дали, вистинската цел е таа дека со опремувањето на терористичката организација ПКК/ЈПГ со софистицирано оружје, таа структура ќе се користи за планираната операција кон Иран?

Исто така, таканаречените лидери на терористичката организација во Кандил, за време на посетата на Болтон на Израел, уцената што во блиска иднина често ја кажуваа во борбата против ДЕАШ, овој пат ќе ја користат за Иран.

Тие истакнаа дека ако САД не ги заштитат од Турција, нема да се вклучат во операцијата во Иран. Кога ќе ги собереме пораките од Израел, Јордан и Кандил, излегува дека повлекувањето на САД од северниот дел на Сирија (не е стратешки план како што се обидоа да го направат во Северна Кореја и Авганистан) е резултат на тактички план. Впрочем, реченицата на Помпео: „Нашите тактики се сменија, но нашата задача не е променета“ го покажува тоа.

Добро, дали е можно САД да ги повлечат ПКК/ЈПГ од северниот дел на Сирија, заштитувајќи ги заедно со оружјето? Резултатите од средбите на тројката Болтон, Џефри и Данфорд во Анкара покажуваат дека Турција дојде до крајот на границата дека процесот може да се реши со дипломатија и договор. Пред состаноците со тројката, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во статијата за весникот „Њујорк тајмс“ го опиша сеопфатиот план за чистење на Сирија од ДАЕШ и заштита на територијалниот интегритет на Сирија.

Исто така напиша дека американската страна не треба да бара начини за заштита на терористичките организации од Турција, и на тој начин на меѓународната заедница ѝ покажа каква разлика има во пристапите кон ова прашање.

Портпаролот на претседателот, Ибрахим Калин, и министерот за одбрана на Турција, Хулуси Акар, по средбите со американските колеги нагласија дека во Мунбич треба да се дојде до точка која не се состои само од заеднички патроли, туку ПКК/ЈПГ треба целосно да се повлече и дека власта во регионот треба да се пренесе на локалните единици.

Анкара со овие изјави им одговори на САД во врска со игнорантниот однос кон Мунбич од јули до денес. Во исто време, објавувањето на снимките од патролирањето на руската воена полиција во местото Аримах во Мунбич, кој се наоѓа под контрола на режимот на Асад, е истовремено порака испратена до Вашингтон.

Во време кога Болтон ја напушти Анкара, а разговорите помеѓу специјалниот претставник на САД за Сирија, Џефри, и началникот на Генералштабот на САД, Данфорд, продолжуваат, пристигна изјава и од Фахретин Алтун, преседателот за комуникации на претседателот Ердоган.

Алтун со изјавите „За националната безбедност на Турција не може да се преговара“ и „Покажувањето дека Курдите од Сирија и една терористичка група поддржана од САД се исти, е навреда и за Курдите и за нашиот интелект“, ги сумираше искривените идеи на претставниците на САД на преговарачката маса во Анкара.

Единствена тема за која треба да се размислува сега е колкав е векот и дали има шанси да преживее политиката со тактичка цел на САД, која се заснова на нецелосно повлекување на американската војска од територијата на Сирија, а кога ќе дојде време, ПКК/ЈПГ да се користи против Иран. Со откривањето дека дека ова тактички маневар на повлекување имаше за цел да предизвика хаос за време на процесот во Астана што го водат Турција, Русија и Иран, по објавувањето во медиумите, процес на повлекување може да биде пократок од 4 месеци.

Информациите дека американското Министерство за одбрана нема планови за повлекување, се сметаат за нова иницијатива на Вашингтон, исто како во Мунбич, да се игнорира процесот на повлекување. Но, овој пат Анкара не сака да ја покаже истата трпеливост.

По посетата на Болтон во Анкара преовладува една атмосфера дека со серија разговори во кратко време, што е можно поскоро, да се разјаснат намерите на администрацијата на Вашингтон.

Исто така, Анкара сака итно да се преземат чекори во Мунбич, во спротивно Турција времето и местото каде што ќе се бори со терористичките организации во Сирија ќе го определи сама.

Се очекува дека говорот на американскиот државен секретар Помпео во Египет, втората станица од посетата на Блискиот Исток, може да игра важна улога за текот на процесот. Кога ќе се спореди со говорот на поранешниот претседател Барак Обама во 2009 година во Каиро, се очекува пораките на Помпео да бидат во спротивна насока.

Ако неговите пораки укажуваат на нова фаза на борбата против Иран, тогаш не е можно да се очекуваат оптимистични случувања поврзани со северниот дел на Сирија.

Ако земеме предвид дека во Советот за национална безбедност на САД е вклучен Ричард Голдберг, наречен „јастреб“, кој е исто така е за зголемување на притисокот врз Иран, тогаш нема да биде изненадување терористичката организација ПКК/ЈПГ уште некој период да продолжи со своето постоење и да биде „неопходен“ елемент за администрацијата на Вашингтон.


(Мехмет А. Канџи, е новинар кој живее во Анкара и пишува за турската надворешна политика)

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.