Турција, свет

Со присуство на Ердоган и Алиев започна изградба на гасоводот Игдир - Начихван

Ердоган и Алиев заеднички го притиснаа копчето за почеток на изградбата на гасоводот од Игдир, Туркије, до Нахчиван, Азербејџан

Mehmet Yusuf Melikoğlu  | 25.09.2023 - Обновена : 25.09.2023
Со присуство на Ердоган и Алиев започна изградба на гасоводот Игдир - Начихван

НАХЧИВАН (АА) - Во присуство на претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, започна изградбата на гасоводот од турски Игдир до азербејџанската ексклава Нахчиван, јавува Анадолу.

Ердоган, кој на покана на Алиев е во еднодневна посета на Нахчиван, претходно имаше средба со претседателот на Азербејџан.

По средбата двајцата лидери преку видеолинк испратија пораки во врска со почетокот на изградбата на гасоводот.

Ердоган и Алиев заеднички го притиснаа копчето за почеток на изградбата на гасоводот од Игдир, Туркије, до Нахчиван, Азербејџан.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.