Азербејџан нареди евакуација на своите дипломатски мисии во Иран поради регионални тензии
- Министерот за надворешни работи на Азербејџан, Бајрамов, изјави дека се спроведуваат мерки за осигурување на безбедноста, при што вооружените сили се ставени на највисоко ниво на подготвеност поради регионалните тензии.
ИСТАНБУЛ (АА) - Азербејџан издаде наредба за евакуација на својата амбасада во Техеран и генералниот конзулат во Табриз, објави државната новинска агенција Азертаџ, еден ден откако територијата на земјата беше погодена од беспилотни летала од Иран, кој возврати на нападите на САД и Израел, пренесува Анадолу.
Говорејќи на брифинг, министерот за надворешни работи Џејхун Бајрамов изјави дека се спроведуваат мерки за осигурување на безбедноста, при што вооружените сили се ставени на највисоко ниво на подготвеност поради регионалните тензии.
Тој истакна дека соодветни одлуки ќе бидат донесени по добивањето на резултатите од истрагата.
Бајрамов, исто така, рече дека дипломатската мисија примила приближно 1.000 барања, главно, од азербејџански државјани што патуваат кон Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија и Кувајт.
Вчера Министерството за надворешни работи на Азербејџан соопшти дека енклавата Нахчиван била погодена од беспилотни летала лансирани од иранска територија, при што едно го погодило зградата на терминалот на меѓународниот аеродром „Нахчиван“, а друго паднало во близина на училишна зграда во селото Шакарабад.
Нападот врз иранскиот воен брод се случи во време на тековната воена кампања на Израел и САД против Иран што започна на 28 февруари и во која, според извештаите, убиени се повеќе од 1.000 лица, меѓу кои и врховниот лидер на Иран, Али Хаменеи, како и високи воени лица.
Иран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, како и кон повеќе земји, вклучително и оние што се домаќини на американски воени бази.
