Во Истанбул ќе се одржи меѓународен студентски самит ISTSUM'25
Самитот има цел да ги подобри дигиталните вештини на младите луѓе преку инспиративни разговори, да ја зајакне меѓукултурната интеракција и да генерира влијание на глобално ниво. Детални информации и регистрација може да се најдат на www.istsum.com.
ИСТАНБУЛ (AA) - Меѓународниот студентски самит ISTSUM'25, на тема „Фокусирај се“, ќе се одржи во Истанбул на 27 декември, известува Анадолу.
Настанот, организиран од Меѓународното студентско здружение Bab-ı Alem и Агенција Анадолу (AA) како нејзин глобален комуникациски партнер, ќе се одржи во културниот центар „Неслишах султан“ и ќе се осврне на ефектите од дигиталната трансформација врз луѓето, општеството и работниот живот.
На самитот ќе настапат инспиративни говорници, меѓу кои Еркам Тузген, генерален директор на „ИТ Долина“; Нурулах Ер, директор за искуство на вработените во „Турксел“; Онер Пијаде, генерален директор на „SETCARD“; проф. д-р Шефик Шуајб Арслан, директор на Институтот за вештачка интелигенција на Универзитетот „Богазичи“; и Бурџу Ќосем, раководителка на турската Црвена полумесечина за областа Истанбул.
Во рамките на настанот планирани се инспиративни предавања, а учесниците ќе можат да дознаат повеќе за областите достапи за дигитално искуство, при што ќе има подароци-изненадувања за нив и ќе бидат извлечени награди. Покрај тоа, ќе бидат понудени можности за вмрежување меѓу студентите, академиците и претставниците од индустријата.
Самитот, поддржан од Меѓународната федерација на студентски здруженија (UDEF), истанбулската Општина Фатих и „Туркиш ерлајнс“, ќе се одржи со поддршка на Турската национална агенција и Европската Унија.
Самитот, кој е бесплатен, има цел да ги подобри дигиталните вештини на младите луѓе преку инспиративни разговори, да ја зајакне меѓукултурната интеракција и да генерира влијание на глобално ниво. Детални информации и регистрација може да се најдат на www.istsum.com.
На претходните самити, во кои учествуваа над 950 лица, беа генерирани над 2 милиона интеракции на дигиталните платформи. Учествуваа студенти од 203 земји, заедно со над 100 академици.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
