„Дижиталпарк текнокент“ од Турција потпиша договор со INNOX во Скопје за зајакнување на иновациите
- Програмата вклучува акцелерација, обуки, менторство, екосистемски средби и активности за воспоставување мрежи, како и учество во проекти финансирани од ЕУ и поддршка за дигитална трансформација
СКОПЈЕ (АА) – „Дижиталпарк текнокент“ од Турција потпиша договор за соработка со INNOX Innovation Center при Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) во Скопје, со цел да ја зајакне својата присутност на глобалните пазари и улогата во меѓународните екосистеми за претприемништво, пренесува Анадолу.
Договорот го потпишаа извршниот директор на „Дижиталпарк текнокент“, проф. д-р Тахсин Енгин, и претседателот на Надзорниот одбор на Меѓународниот балкански универзитет, доц. д-р Билал Суџубаши, во кампусот на „Дижиталпарк“ во Истанбул.
INNOX Innovation Center во Скопје ќе служи како мост меѓу Балканот, Европа и глобалните иновациски екосистеми, додека преку регионалната програма за акцелерација „Bridge To Balkans (B2B)“ се очекува да се поддржат претприемачите и инвеститорите од Турција и Балканот за пласирање на иновативни идеи на регионалните и глобалните пазари.
Програмата вклучува акцелерација, обуки, менторство, екосистемски средби и активности за воспоставување мрежи, како и учество во проекти финансирани од Европската Унија и поддршка за дигитална трансформација и иновации во областа на вештачката интелигенција.
Проф. д-р Тахсин Енгин нагласи дека програмата ќе создаде силен технолошки и иновативен мост меѓу Турција и Балканот, комбинирајќи ја турската експертиза со локалниот потенцијал на Балканот.
Од друга страна, доц. д-р Билал Суџубаши додаде дека INNOX ќе понуди простори за заедничка работа, приватни канцеларии, соби за состаноци и простории за настани, станувајќи клучна поврзувачка точка меѓу претприемачите и инвеститорите во Балканот и Европа.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
