Претседателот на турскиот Парламент, Шентоп, допатува во дводневна посета на Северна Македонија
Шентоп и неговата делегација на Меѓународниот аеродром во Скопје беа пречекани од страна на потпретседателот на Собранието на Северна Македонија, Хусни Исмаили, и амбасадорот на Туркије во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок

СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Големото народно собрание на Туркије (ТБММ), Мустафа Шентоп, пристигна во официјална посета на Северна Македонија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Шентоп и неговата делегација на Меѓународниот аеродром во Скопје беа пречекани од страна на потпретседателот на Собранието на Северна Македонија, Хусни Исмаили, и амбасадорот на Туркије во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок.
Исто така Шентоп, во рамки на дводневната посета, во Скопје ќе се сретне со претседателот на Собранието на Северна Македонија, Талат Џафери, и премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски.
Тој ќе учествува и на одбележувањето и активностите кои ќе се реализираат во рамки на Денот на наставата на турски јазик во земјата.
Меѓу другото, Шентоп ќе биде присутен на официјалното отворање на кампусот на „International Maarif Schools“ во Скопје.
Тој ќе ги посети и Меѓународниот балкански универзитет и женскиот интернат „Шуле Јуксел Шенлер“ во Скопје.
Шентоп е придружуван од делегација која се состои од пратеникот и потпретседател на парламентарната група на АК Партија, Мухамет Емин Акбашоглу; пратеникот на АК Партија и претседател на пријателската парламентарна група меѓу Туркије и Северна Македонија, Ахмет Килич; пратеникот на Републиканската народна партија (ЏХП), Јусел Озкан; пратеникот на партијата ИЈИ од Анкара, Ибрахим Халил Орал, и пратеникот на Партијата за национално движење (МХП), Хидајет Вахапоглу.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.