политика, Балкан

Средба на Муцунски со генералната директорка за земјоделство и рурален развој при Европската комисија

„Нагласено е зајакнување на институционалните и административните капацитети во согласност со стандардите на ЕУ“

Elena Trenchevska Chekovic  | 24.03.2026 - Обновена : 24.03.2026
Средба на Муцунски со генералната директорка за земјоделство и рурален развој при Европската комисија Фото: Тимчо Муцунски/ X

СКОПЈЕ (АА) – Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во Брисел остварија средба со генералната директорка за земјоделство и рурален развој во Европската комисија, Елизабет Вернер, пренесува Анадолу.

Министерот Муцунски, во придружба на делегација престојува во дводневна работна посета на Брисел.

Тој во објава на американската платформа за социјални мрежи Х истакна дека на средбата е разговарано за тековните реформи, соработката и имплементацијата на програмата ИПАРД 3.

„Нагласено е зајакнување на институционалните и административните капацитети во согласност со стандардите на ЕУ“, нагласи Муцунски.

Министерот Муцунски, според соопштението на Министерството, остварил средби и со пратениците во Европскиот парламент Карло Реслер, Дан Барна, Тијс Ројтен, Матеј Тонин и Ирена Јовева.

На средбите станало збор за клучните надворешнополитички приоритети, реформските процеси и актуелните регионални прашања. Разменети биле мислења за европската перспектива и динамиката на пристапниот процес на државата и регионот, при што било нагласено значењето од обезбедување доследна и кредибилна поддршка за политиката на проширување во услови на актуелните геополитички предизвици.

Посебен акцент бил ставен на перспективите за проширување на Европската Унија кон Западен Балкан, поддршката од Европскиот парламент за забрзување на пристапниот процес, како и на неговата улога во целокупниот процес на европска интеграција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.