Турција

90 ученици од Северна Македонија ја посетија Турција со поддршка на ТИКА

90 ученици од средните училишта од различни региони на Северна Македонија ги посетија градовите Едрене, Истанбул, Коња и Чанаккале

Dzihat Aliju  | 08.08.2025 - Обновена : 08.08.2025
90 ученици од Северна Македонија ја посетија Турција со поддршка на ТИКА Фото: TİKA

Скопје

Деведесет ученици од Северна Македонија ја посетија Турција во рамките на културна програма организирана со поддршка на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), пренесува Анадолу.

Според писменото соопштение на ТИКА, културната екскурзија во Турција беше организирана од Сојузот на турски невладини организации во Северна Македонија (МАТУСИТЕБ), под покровителство на Амбасадата на Турција во Скопје и со поддршка на Унијата на општини од турскиот свет.

Во рамките на програмата, 90 ученици од средните училишта од различни региони на Северна Македонија, како што се Маврово-Ростуше, Жупа, Кичево, Пласница, Дебреште, Лисичани, Долно Количани, Драчево, Преглово и Челопек, ги посетија градовите Едрене, Истанбул, Коња и Чанаккале.

Целта на програмата беше зајакнување на духовните врски на младите од турска националност од Северна Македонија со Турција и поттикнување на чувството на културна припадност. За време на посетите, учениците имаа можност одблиску да се запознаат со богатото наследство на турската цивилизација и подобро да ја разберат турската историја и култура.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.