Турскиот претседател Ердоган се сретна со палестинскиот претседател Абас
На средбата присуствуваше и министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан

АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, се сретна со палестинскиот претседател Махмуд Абас во Анкара, јавува Анадолу.
Претседателот Ердоган го пречека Абас на влезот на Претседателскиот комплекс во Анкара.
Ердоган и Абас се фотографираа на скалите пред турското и палестинското знаме.
Потоа двајцата претседатели заминаа на состанок што се одржа зад затворени врати. На средбата присуствуваше и министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.