Турција

Директорот на турската разузнавачка агенција, Калин, се сретна со сирискиот претседател Ал Шара во Дамаск

За време на состанокот е нагласена важноста на територијалниот интегритет, суверенитетот, политичката стабилност на Сирија и општествениот мир во земјата, а повторена е и непоколебливата поддршка на Турција за Сирија

Mehmet Burak Karacaoğlu, Damla Delialioğlu  | 17.09.2025 - Обновена : 18.09.2025
Директорот на турската разузнавачка агенција, Калин, се сретна со сирискиот претседател Ал Шара во Дамаск

ДАМАСК (АА) - Директорот на турската Национална разузнавачка агенција (МИТ), Ибрахим Калин, во Дамаск, главниот град на Сирија, оствари средба со сирискиот претседател Ахмед ал Шара, јавува Анадолу.

Според безбедносни извори, Калин и Ал Шара разговарале за билатерални и регионални безбедносни прашања.

За време на состанокот е нагласена важноста на територијалниот интегритет, суверенитетот, политичката стабилност на Сирија и општествениот мир во земјата, а повторена е и непоколебливата поддршка на Турција за Сирија.

На состанокот стана збор и за борбата на новата сириска Влада против внатрешните и надворешните закани, и подготвеноста на Турција да ѝ ја пружи на Владата во Дамаск целата потребна поддршка.

За време на состанокот е дискутирано и за борбата против терористичката организација ДЕАШ. Разгледани се и прашања поврзани со развојот на институционалните капацитети во Сирија, безбедноста на границите и царината, подобрувањето на економските услови и доброволното и безбедно враќање на сириските бегалци.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın