Балкан

Локални избори во Северна Македонија: 18 кандидати пријавени за изборната трка за градоначалник на Скопје

- ДИК информираше дека по завршувањето на рокот за поднесување на кандидатски листи за градоначалници и совети на 80 општини и на Градот Скопје, поднесени се вкупно 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи на кандидати за советници

Aida Cako  | 15.09.2025 - Обновена : 15.09.2025
Локални избори во Северна Македонија: 18 кандидати пријавени за изборната трка за градоначалник на Скопје

СКОПЈЕ (АА) - Осумнаесет кандидати се пријавени за изборната трка за градоначалник на Скопје на претстојните локални избори доколку Државната изборна комисија (ДИК) ги потврди нивните кандидатски листи, јавува Анадолу.

ДИК информираше дека по завршувањето на рокот за поднесување на кандидатски листи за градоначалници и совети на 80 општини и на Градот Скопје, до општинските изборни комисии се поднесени вкупно 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи на кандидати за советници на општините и Градот Скопје.

Во оваа бројка се вклучени и листите на кандидати од политичките партии и листите поднесени од група избирачи.

Најголем број листи на кандидати за градоначалници и совети се поднесени за Градот Скопје, односно вкупно 18 листи на кандидати за градоначалник на Град Скопје и 20 листи на кандидати за членови на Советот на Град Скопје.

„Согласно Роковникот за локалните избори 2025 година, ОИК доставува барање до институциите кои ги поседуваат податоците за исполнетост на условите веднаш по приемот на листата, односно најдоцна на 14 септември. Откако ќе заврши проверката за исполнетост на условите и ќе заврши процесот на отстранување на евентуални неправилности или пропусти во кандидатските листи, општинските изборни комисии ги доставуваат потврдените листи до ДИК за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати, веднаш по потврдувањето на листата, односно најдоцна на 20 септември 2025 година“, појаснуваат од ДИК.

По завршување на проверката на документацијата и исполнетоста на законските услови, ДИК ќе ги објави сите потврдени листи по општини кои ќе учествуваат на локалните избори во октомври.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.