Хулуси Акар: „Ги заштитуваме нашите права што произлегуваат од меѓународното право“
„Како пример, во националните архиви на САД има извештаи подготвени од страна на генерал Харборд од 1919 година. Тоа се истражувања направени 4 години по настаните", истакна Акар

ИЗМИР (АА) - Министерот за одбрана на Турција, Хулуси Акар, реагираше во врска со резолуцијата за еремнските тврдења која вчера беше усвоена во Сенатот на Соединетите Американски Држави (САД), Агенција Анадолија (AA).
Акар, придружуван од началникот на Генералштабот, генерал Јашар Гулер, присуствуваше на „Церемонијата на дипломирање на пилоти“, која се одржа во Втората главна командна база во Чигли.
Во својот говор на церемонијата, министерот Акар се осврна на усвојувањето на резолуцијата од страна на американскиот Сенат, која ги признава ерменските настани од 1915 година како „геноцид“.
„Се работи за обвиненија против нашиот народ и нашата земја кои не е можно да се прифатат. Едно од нив е тврдењето за геноцид од 1915 година. Не постои такво нешто. Ова не е политичко прашање. Ова е чисто историско прашање. Верувам дека тоа ќе се поправи и дека ќе биде разбрано. Ние сакаме тие што ги носат ваквите одлуки да ги разгледаат нашите архиви, доколку е потребно и нивните сопствени архиви", нагласи Акар и додаде:
„Како пример, во националните архиви на САД има извештаи подготвени од страна на генерал Харборд од 1919 година. Тоа се истражувања направени 4 години по настаните. Во тие извештаи многу јасно ќе се види дека во никој случај не се подржуваат ерменските тврдења. Затоа, решение на оваа работа се архивите и извештаите. Сакате, погледнете ги американските архиви, сакате турските, ќе видите дека оваа благородна нација, која нема ништо од што да се срами, нема никаква врска со такво нешто.“
- „Ние само ги заштитуваме нашите права што произлегуваат од меѓународното право“
Осврнувајќи се на Меморандумот потпишан со Либија, кој ги поставува поморските граници на земјите во Источниот Медитеран, Акар рече дека како суверена држава во рамките на правата прават сè и ќе продолжат да прават сè за правата и интересите на својот народ.
„Меморандумот со Либија не ги повредува правата и законите на третите земји. Ние само ги заштитуваме нашите права што произлегуваат од меѓународното право“, нагласи министерот за одбрана на Турција, Хулуси Акар.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.