Турција ги осуди израелските напади врз Дамаск
„Израелските напади врз центарот на Дамаск се намерни обиди да се поткопаат напорите на Сирија за одржување на мирот, стабилноста и безбедноста“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.

ИСТАНБУЛ (АА) - Турција денес ги осуди воздушните напади на Израел врз централниот дел на Дамаск, нарекувајќи ги намерен обид за попречување на напорите за враќање на стабилноста во Сирија, јавува Анадолу.
„Израелските напади врз центарот на Дамаск се намерни обиди да се поткопаат напорите на Сирија за одржување на мирот, стабилноста и безбедноста“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.
Министерството нагласи дека на сирискиот народ му се дава „историска можност“ да живее во мир и да се реинтегрира во меѓународната заедница.
Во соопштението на Министерството се апелира до „сите засегнати страни што ја поддржуваат оваа цел“ да придонесат во напорите на сириската Влада за воспоставување мир.
Израел денес започна воздушни напади врз Дамаск, насочени кон Министерството за одбрана на Сирија и областите во близина на претседателската палата.
Нападите се случија откако Израел ги продолжи нападите врз јужната сириска покраина Сувејда, предупредувајќи дека тие ќе продолжат доколку сириските сили не се повлечат.
Сириската армија распореди војници во областа за да воспостави ред по судирите меѓу вооружените групи Друзи и Бедуини во кои загинаа најмалку 30 лица. Израелската армија тврди дека операциите имаат цел да го заштитат малцинството Друзи.
Израелската јавна телевизија КАН соопшти дека армијата се подготвува за неколкудневни напади и прераспоредување на силите од Газа кон окупираната Голанска Висорамнина.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.