Сирија: Израелските планови за дестабилизација на регионот се попречени од напорите на државата и медијаторите
- Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара денес изјави дека плановите на Израел да ја поткопа стабилноста на регионот биле осуетени од интервенцијата на надворешните посредници и од напорите на државата

ИСТАНБУЛ (АА) - Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара денес изјави дека плановите на Израел да ја поткопа стабилноста на регионот биле осуетени од интервенцијата на надворешните посредници и од напорите на државата, јавува Анадолу.
Во телевизиското обраќање Ал-Шара рече дека и покрај израелските интервенции насочени кон цивилните и јавните институции, „државните напори за враќање на стабилноста и протерување на одметнатите фракции се успешни“.
Ова немаше да се случи „без ефикасната интервенција на американското, арапското и турското посредништво, кое го спаси регионот од непозната судбина“, додаде тој.
Израелската армија вчера започна да извршува воздушни напади врз главниот град Дамаск, како и врз Сувејда и Дара, под изговор за заштита на заедницата Друзи.
Министерството за внатрешни работи на Сирија соопшти дека во нападите загинале повеќе од 30 лица, а повредени се речиси 100.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.