Турција

Турскиот претседател Ердоган отпатува во Јужноафриканската Република за Самитот на Г20

Ердоган е придружуван од неговата сопруга, првата дама Емине Ердоган, како и министерот за надворешни работи Хакан Фидан, министерот за трезор и финансии Мехмет Шимшек...

Zafer Fatih Beyaz  | 21.11.2025 - Обновена : 21.11.2025
 Турскиот претседател Ердоган отпатува во Јужноафриканската Република за Самитот на Г20

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган отпатува во Јужноафриканската Република по повод Самитот на лидерите на Г20, јавува Анадолу.

На аеродромот „Есенбога“ во Анкара го испратија потпретседателот Џевдет Јилмаз, гувернерот на Анкара, Васип Шахин и други претставници.

Ердоган е придружуван од неговата сопруга, првата дама Емине Ердоган, како и министерот за надворешни работи Хакан Фидан, министерот за трезор и финансии Мехмет Шимшек, директорот за комуникации Бурханетин Дуран, шефот на претседателската канцеларија Хасан Доган, главниот советник на претседателот за надворешна политика и безбедност Акиф Чагатај Килич, заменик-претседателот и портпарол на АК партијата, Омер Челик и неколку други претставници.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.