„Нема да се заборави геноцидот што пред очите на Европа беше сторен во Сребреница“
По повод одбележувањето на 24. годишнина од геноцидот во Сребреница, турскиот претседател им оддаде почит на невините жртви

АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган порача дека никогаш нема да биде заборавен геноцидот во Сребреница, во кој пред очите на Европа се убиени 8.372 невини лица, јавува Anadolu Agency (AA).
По повод одбележувањето на 24. годишнина од геноцидот во Сребреница, турскиот претседател им оддаде почит на невините жртви.
„Никогаш нема да биде заборавен геноцидот во Сребреница во кој пред очите на Европа се убиени 8.372 невини луѓе. Го молам Бога да им се смилува на шехидите, на моите босански браќа, и да даде здравје и просперитет на народот на Босна“, порача Ердоган преку Твитер.
Во текот на неодамнешната посета на Сараево, турскиот претседател Ердоган пред зградата на Претседателството на Босна и Херцеговина ја испрати поворката на табути со посмртните останки на жртвите на геноцидот во Сребреница, кои денеска ќе бидат погребани во Меморијалниот центар во Поточари.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.