Турција

Чавушоглу: „Заканите на Нетанјаху за анексија се срамни“

„Израел охрабрен од поддршката на некои земји, продолжува со агресивната политика, која започна да преоѓа во режим на расистички апархејд“

Tuğrul Çam  | 15.09.2019 - Обновена : 16.09.2019
Чавушоглу: „Заканите на Нетанјаху за анексија се срамни“

ЏЕДА

Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, денеска изјави дека неодамнешните предизборни ветувања на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за анексија на Јорданската Долина и други делови на окупираниот Западен Брег се подли и срамни потези кои ја поткопуваат надежта во воспоставувањето на траен мир на Блискиот Исток, јавува Anadolu Agency (AA).

Чавушоглу му се заблагодари на саудискиот крал Селман бин Абделазиз за тоа што денеска во Џеда свика вонреден министерски состанок на Организацијата за исламска соработка (OIC), а во обраќањето до учесниците на состанокот истакна дека израелската окупација отсекогаш имала катастрофални последици за животот на Палестинците на Западниот Брег.

Турскиот министер исто така рече дека со поддршка на некои држави Израел се претвора во режим на апартхејд и расизам.

„Последните изјави на Нетанјаху треба да бидат предупредување за оние држави кои даваат бланко сметки за израелското кршење на правата и за провокациите“, порача Чавушоглу, и ја пофали меѓународната заедница која ги осуди предизборните ветувања на Нетанјаху.

Тој, исто така кажа дека палестинското прашање е приоритетна тема за Организацијата за исламска соработка (OIC) како организација и дека и понатаму ќе се залага за воспоставување на мирот врз база на остварување на палестинските барања и исправање на историската неправда која му е направена на тој народ.

„Ако целата исламска заедница реагираше заедно, бестрашниот план, политиката и однесувањето на САД и Израел немаше да дојдат до оваа точка“, истакна Чавушоглу.

Нетанјаху во рамките на предизборната кампања, во вторникот вети дека ќе прогласи анексија и ќе наметне израелски суверенитет над Јорданската Долина и на сите еврејски населби на окупираниот Западен Брег.

Јорданската Долина е плодна котлина која сочинува четвртина од територијата на Западниот Брег во која живеат околу 70.000 Палестинци и 9.500 еврејски доселеници.

Заканите на Нетанјаху најостро ги осудија организацијата на Обединетите нации (ОН), Арапската лига и Организацијата за исламска соработка (OIC), како и бројни држави, меѓу кои и Република Турција и Шведска. Од Арапската лига порачаа дека таквите планови во потполност ги блокираат сите патишта за постигнување на договор со Палестинците.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.