Турција ја започна антитерористичката операција „Киран-5“ во источниот дел на земјата
Операцијата ќе биде спроведена во турските покраини Дијарбакир, Бинѓол и Муш, со цел неутрализирање на терористите во регионот

АНКАРА (АА) - Министерството за внатрешни работи на Турција денес соопшти дека е започната операцијата „Киран-5“ во источниот дел на земјата, во која се вклучени 2.625 лица од безбедносните сили и 179 единици, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството се вели дека операцијата ќе биде спроведена во покраините Дијарбакир, Бинѓол и Муш, со цел неутрализирање на терористите во регионот.
„Над 400 терористи на ПКК се неутрализирани во северниот дел на Ирак во текот на изминатите четири месеци“, се соопштува од Министерството.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.