Турција

Турција: Протест пред Генералниот конзулат на Израел во Истанбул поради нападите врз Ал-Акса

Израелската полиција се обиде синоќа да ги растера верниците во Харем-и Шериф во џамијата „Ал-Акса“, користејќи шок-бомби и солзавец, при што беа повредени 205 Палестинци

Ekip  | 08.05.2021 - Обновена : 09.05.2021
Турција: Протест пред Генералниот конзулат на Израел во Истанбул поради нападите врз Ал-Акса ( Foto: İslam Yakut / Anadolu Agency )

ИСТАНБУЛ

Пред Генералниот конзулат на Израел во Истанбул, Турција, синоќа се собраа граѓани за да протестираат против израелските напади врз џамијата „Ал-Акса“, на портата Дамаск во Стариот град и во дистриктот Шеик Џарах во Источен Кудс (Источен Ерусалим), јавува Агенција Анадолија (АА).

Израелската полиција се обиде синоќа да ги растера верниците во Харем-и Шериф во џамијата „Ал-Акса“, користејќи шок-бомби и солзавец.

Од палестинската Црвена полумесечина е наведено дека во нападите се повредени 205 Палестинци, од кои 88 се хоспитализирани.

За муслиманите, „Ал-Акса“ претставува трето најважно светилиште, а Евреите сметаат дека на тоа место некогаш постоеле два еврејски храма.

Комплексот Ал-Акса, што се простира на 15 отсто од површината на старото јадро на Ал-Кудс, се наоѓа под израелска окупација, а претставува точка на спојување на трите најголеми религии на светот.

По Месџидул-Харем во Мека и Џамијата на божјиот пратеник Мухамед во Медина, Ал-Акса е трето место по важност за муслиманите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın