Турција

Турција притвори 9 осомничени поврзани со ПКК

- Девет осомничени поврзани со терористичката организација ПКК се притворени во Истанбул во операција против огранокот на организацијата

Dilara Hamit  | 30.06.2020 - Обновена : 02.07.2020
Турција притвори 9 осомничени поврзани со ПКК

ИСТАНБУЛ 

Девет осомничени поврзани со терористичката организација ПКК се притворени во Истанбул во операција против огранокот на организацијата, јавува Агенција Анадолија (АА).

Антитерористичката полиција изврши рации на неколку адреси во три подрачја на Истанбул.

Шестмина од осомничените, за кои постојат наводи дека се членови на терористичката организација, беа обвинети за учество во напади со палење на некои подрчаја на Истанбул, тројца од нив за блокирале на патиштата и еден од нив поради учество во терористичките кампови во северен Ирак.

Полицијата сѐ уште трага по останатите осомничени кои се во бегство.

ПКК е означена како терористичка организација од страна на Турција и САД, но Вашингтон се воздржа од слично обележување на нејзиниот сириски огранок, бидејќи во голема мера продолжува да се потпира на ЈПГ како свој примарен партнер во североисточна Сирија и покрај приговорите упетени од Анкара.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın