Турција

Турција: Постигнат напредок во развојот на вакцината за Ковид-19

Турција постигна значаен напредок во проектите за развој на вакцина во борба против епидемијата на коронавирусот, одредувајќи иновативни пристапи за побрзи резултати, изјави денес министерот за индустрија и технологија, Мустафа Варанк

Aysu Biçer  | 02.04.2020 - Обновена : 03.04.2020
Турција: Постигнат напредок во развојот на вакцината за Ковид-19

АНКАРА 

Турција постигна значаен напредок во проектите за развој на вакцина во борба против епидемијата на коронавирусот, одредувајќи иновативни пристапи за побрзи резултати, изјави денес министерот за индустрија и технологија, Мустафа Варанк, јавува Агенција Анадолија (АА).

Тој нагласи дека во Турција во рамките на платформата против Ковид-19, во моментот се спроведуваат седум проекти за развој на вакцина и седум проекти за развој на лекови за кои се користат хемиски и биотехнички методи.

И покрај големите напори за да се спречи ширењето на коронавирусот, турската Влада обезбедува поддршка за институциите и истражувачите во земјата кои работат на пронаоѓањето вакцини.

„Колку повеќе можеме да ја исправиме кривата на заболени, поголеми се шансите да се појават научни решенија“, изјави Варанк.

Податоците на Универзитетот со седиште во Мериленд покажаа дека во светот се заразени речиси 937.600 лица, а повеќе од 47.000 лица починале. Над 194.000 лица се излекувале.

Откако за првпат се појави во кинескиот град Вухан во декември минатата година, вирусот познат како Ковид-19 се прошири во најмалку 180 земји и региони.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.