Турција

Турција: Операција против криминалната организација предводена од Седат Пекер

Во операцијата со седиште во Истанбул спроведена во пет области низ Турција, полицијата изврши рации на 121 адреса со налози за приведување на 63 осомничени лица, вклучувајќи го Седат Пекер, за кого беше утврдено дека е водач на криминалната група.

Mustafa Hatipoğlu, Gökhan Yılmaz, Halil Demir  | 09.04.2021 - Обновена : 11.04.2021
Турција: Операција против криминалната организација предводена од Седат Пекер

ИСТАНБУЛ (АА) - Полицијата во Турција изврши операција против членови на организирана криминална група, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во операцијата со седиште во Истанбул спроведена во пет области низ Турција, полицијата изврши рации на 121 адреса со налози за приведување на 63 осомничени лица, вклучувајќи го Седат Пекер, за кого беше утврдено дека е водач на криминалната група.

За Пекер се вели дека е во странство.

Откриено е дека осомничените активно учествувале во криминални активности - вклучително грабеж, напаѓање, мито и други кривични дела - и биле вклучени во формирање организирана криминална група.

Полициската акција беше поддржана од беспилотни летала и тимови за специјални операции.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.