Турција

Турција: Мајка ја дочека ќерката која пет години беше во редовите на ПКК

Во Дијарбакир продолжуваат протестите на семејствата пред седиштето на Народната демократска партија (HDP) во тој град, на коишто мајките бараат нивните деца, кои претходно се одведени во терористичките кампови, да им бидат вратени

Aziz Aslan, Hasan Namlı  | 17.02.2020 - Обновена : 18.02.2020
Турција: Мајка ја дочека ќерката која пет години беше во редовите на ПКК

ДИЈАРБАКИР (АА) - Членка на терористичката организација ПКК, која се предаде на Турските безбедносни сили, денеска, по пет години, се сретна со нејзиното семејство во Дијарбакир, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во Дијарбакир, југоисточна Турција, продолжуваат протестите на семејствата пред седиштето на Народната демократска партија (HDP) во тој град, на коишто мајките бараат нивните деца, кои претходно се одведени во терористичките кампови, да им бидат вратени. Протестите започнаа на 3 септември минатата година, а пред седиштето на ХДП моментално протестираат неколку десетина семејства.

Меѓу нив беше и мајката Џеврије Ајхан која дочека да ѝ се врати ќерката Пелда по цели пет години.

Предадена е во полицијата во Дијарбакир каде што ќе биде подложена на криминалистички, а понатаму и на судски процес.

Мајката Ајхан во полицијата дојде со два нејзини сина. Таму по цели пет години се сретна со ќерката. Досега седум семејства успеаја повторно да се сретнат со своите деца.

На социјалните мрежи беше започната и кампања за поддршка на мајките кои протестираат во Дијарбакир. Мајките ја обвинуваат Народната демократска партија (HDP) за врбување и регрутирање на малолетни и млади лица во терористичките кампови во југоисточна Турција. Мајките поради тоа го продолжуваат протестот што го започна Февзије Четинкаја.

На 3 септември мајката Четинкаја започна мирен протест пред зградата на ХДП, а со неа тогаш беа сопругот Шахап и нивните четири деца. Потоа и Омер Т. и Ремзије А. дојдоа пред седиштето на ХДП и го поддржаа протестот на Четинкаја и нејзиното семејство, тврдејќи дека терористичката група ПКК ги киднапирала и нивните деца.

ПКК е сепаратистичка организација којашто се наоѓа на списокот терористички организации на Турција, Европската Унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД). За време на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.

Партијата ХДП се товари за поврзаност со терористите на ПКК, а повеќе челници на партијата се обвинети за ширење терористичка пропаганда и за помош на терористите.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.