Турција: Во Чанаккале фатени 140 непријавени мигранти
- Екипите на турската жандармерија спровеле акција во пристаништето Јешил, а фатени се најмалку 140 непријавени мигранти

ЧАНАККАЛЕ
Во местото Ајвачик во турската област Чанаккале фатени се 140 непријавени мигранти кои се обидоа илегално да преминат на грчкиот остров Лезбос, јавува Anadolu Agency (AA).
Екипите на турската жандармерија спровеле акција во пристаништето Јешил, а фатени се најмалку 140 непријавени мигранти.
Утврдено е дека станува збор за мигранти по потекло од Авганистан.
Мигрантите се предадени на Центарот за враќање на странци во Ајвачик.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.